Во порака на арапски јазик, објавена на платформата X, ИДФ им нареди на жителите на 15 станбени блока јужно од долината Вади Газа, меѓу кои е вклучен и бегалскиот камп Ал-Бурејџ, веднаш да се засолнат во засолништата во Деир ал-Балах.
Од 10 до 14 часот ќе биде воведен привремен тактички воен прекин на активности за спроведување на хуманитарни цели (снабдување на населението) во јужниот кварт Деир ал Балах, се наведува во соопштението на израелските сили.
ИДФ, исто така, соопшти дека ќе дозволи „хуманитарно движење“ на цивилите низ обиколницата западно од Кан Јунис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.