Израелска делегација вечерва или утре е отпатува за египетската престолнина Каиро за да учествува во преговори за прекин на огнот во Појасот Газа и за ослободување на заложниците, кои се држат таму од радикалната палестинска групација „Хамас“, се наведува во синоќешната изјава од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Делегација за преговори за договор за заложниците ќе отпатува за Каиро во сабота навечер или в недела“, прецизираа од кабинетот на премиерот.

Во меѓувреме, израелската војска (ИДФ) соопшти дека во Појасот Газа е убиен Мухамед ал Џабари, еден од водачите на палестинскиот Исламски џихад. Покрај тоа, ИДФ уби двајца политички лидери на Хамас и тројца воени команданти во тунел под Газа.

Хамас тврди дека ИДФ за време на нападот целел на цивилни објекти. Израел го негира ова и вели дека презел чекори за ублажување на цивилната штета во нападот, вклучително и користење на воздушно набљудување и прецизно наведувана муниција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.