Шефот на израелската дипломатија и член на политичко-безбедносниот кабинет Ели Коен денеска изјави дека Палестинската управа (ПА) не е решение за прашањето за идното управување со Газа.
Во интервју за израелскиот Канал 12, тој кажа дека ќе има „во секое време ќе има израелска безбедносна контрола од реката Јордан до Средоземно Море“, објави весникот „Хаарец“.
Палестинската управа „до денеска не го осуди настанот на 7 октомври“ и „продолжува да ги исплаќа платите на убијците на Евреите“, кажа Коен.
Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, претходно денеска изјави дека само Палестинската управа може да управува со Појасот Газа кога ќе заврши војната меѓу Израел и Хамас, пренесоа британските медиуми.
-Хамас веќе не може да ја контролира Газа, рече Борел во Манама, Бахреин, на годишната конференција за надворешна и безбедносна политика, каде ја отфрли можноста Газа во иднина да биде управувана од Хамас.
Палестинската управа е тело формирано во јуни 1994 година врз основа на Договорот од Осло, кој една година претходно го потпишаа Палестинската ослободителна организација (ПЛО) и Израел, а се однесува на Појасот Газа и Западниот Брег.
Турција пак порача дека ја користи дипломатијата за укинување на блокадата на Појасот Газа, но не исклучува други мерки доколку тоа не помогне, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.
-Сега користиме дипломатски методи за да ја прекинеме блокадата на Појасот Газа, но има и други мерки доколку дипломатијата не донесе придобивки“, изјави Фидан за катарската телевизија „Ал Џезира“.
Според неговите зборови, по самитот на Организацијата за исламска соработка во Ријад, формиран е седумпартиски комитет што ќе го образложи ставот на земјите учеснички за ситуацијата во Појасот Газа.
Фидан додаде дека на самитот се разговарало за прекин на односите со Израел, но дека Анкара е „фокусирана на заеднички решенија“ и дека нема ограничување за нивните постапки.
Фидан, исто така, рече дека целта на Израел со бомбардирање училишта и болници сака да ги принуди Палестинците да се преселат.
Тој изјави дека Анкара не се согласува со Вашингтон, кој му дава безусловна поддршка на Израел и се противи на прекинот на огнот и затоа, смета, доколку продолжи оваа поддршка, ќе има светска криза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.