Израел започна воздушни напади врз Иран, а во главниот град Техеран се слушаат експлозии, јавува Би-Би-Си. Израелската војска соопшти дека цел на нападите биле ирански воени цели и дека сите авиони кои учествувале во нападот се вратиле безбедно. Според иранската новинска агенција блиска до Револуционерната гарда, цел биле воените бази на запад и југозапад од иранската престолнина, но иранските државни медиуми засега негираат дека има вистинска штета.

Израелските одбранбени сили велат дека нападите се одговор на континуираните напади од Иран и по налетот ирански проектили што го погодија Израел на почетокот октомври, израелската војска соопшти дека погодила воени цели во Иран.

„Одмаздничките цели на Израел во Иран не вклучуваат енергетска инфраструктура“, изјави израелски воен извор за Си-Ен-Ен. Израел ја отфрли и можноста за напади врз нуклеарни и нафтени постројки во Иран.

Официјалните ирански медиуми соопштија дека биле погодени делови од воени локации во три провинции Техеран, Илам и Кузестан, но рекоа дека неговата противвоздушна одбрана била успешна и штетата е ограничена.

Одлуката на Израел да нападне ирански воени цели дојде по неколкунеделни размислувања во неговиот безбедносен кабинет за природата и обемот на таквиот напад, информираа израелските власти.

Пентагон денеска соопшти дека САД претходно биле информирани за нападите, но немале никакво учество во операцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.