Израел планира да ги зголеми нападите врз Газа почнувајќи од денеска, изјави портпаролот на израелската војска. Најавата доаѓа додека Израел се подготвува за следната фаза од својата војна против Хамас, изјави за новинарите контраадмиралот Даниел Хагари.
„Ќе ги зголемиме нашите напади за да ги намалиме опасностите за нашите сили во следните фази од војната. Ги засилуваме нашите напади, почнувајќи од денес“, рече тој.
Тој ја повтори наредбата до жителите на градот Газа да се евакуираат на југ заради нивна безбедност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.