Израелската влада има намера да го реши проблемот со Палестинците со нивно преселување од Појасот Газа по војната. Како што пишува „Тајмс оф Израел“, официјален Тел Авив води тајни преговори со неколку земји одеднаш.
Една од земјите е Конго, од каде, наводно, веќе се согласиле да прифатат илјадници „доброволни мигранти“ од Појасот Газа. Сепак, како што пишува изданието, Израел нема да се ограничи само на оваа земја. Во тек се преговори со уште неколку земји. Конкретно, Саудиска Арабија се смета меѓу можните места за преселување.
Конго ќе биде подготвен да прифати мигранти, а ние сме во преговори со други. Нашиот проблем е да најдеме земји кои се подготвени да примат Палестинци од Газа, работиме на тоа, изјавил Нетанјаху на состанокот на партијата Ликуд.
На плановите за „доброволна миграција“ на Палестинците остро се противат САД, Франција и Германија. Според нив, иако се споменува Конго, западните земји стравуваат дека на крајот, најмногу од Палестинците ќе завршат во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.