Израел ги отповика своите амбасадори во Шпанија, Ирска и Норвешка по најавата од овие три европски земји дека ќе ја признаат палестинската држава. Израелските власти ги поканија и амбасадорите на Ирска, Шпанија и Норвешка во Израел на разговор во текот на кој ќе гледаат видеа од киднапирањето на израелските војници на 7 октомври, пишува Би-Би-Си.

Историјата ќе памети дека Шпанија, Норвешка и Ирска решија да доделат златен медал на убијците и силувачите на Хамас, кои силуваа тинејџерки и палеа бебиња. Наредив амбасадорите веднаш да бидат повикани на интервју за време на кое ќе гледаат ужасно снимки од киднапирањето за да им се илустрира каква извртена одлука донесоа нивните влади. Израел нема да помине тивко преку тоа, нивниот потег ќе има сериозни последици – рече израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.