Израел побарал од Русија да посредува меѓу израелската страна и Хезболах за мировно решение, пишува „Њузвик“.

Во моментов, обидите за договор за прекин на огнот се развиваат со поддршка на советниците на американскиот претседател, Амос Хохштајн и Брет Мекгурк.

Сепак, меѓународни медиуми, како што се израелскиот „Ynet News“ и „Asharq Al-Awsat“ во сопственост на Саудиска Арабија, цитираат извори дека во последните денови Израел побарал од Русија да учествува во договорот.

„Њузвик“ верува дека учеството на една глобална сила со врски со речиси сите главни чинители може да обезбеди клучна поддршка за иницијативата во време кога лидерството на Вашингтон на Блискиот Исток се повеќе се доведува во прашање.

Путин станува потенцијален посредник за мир на Блискиот Исток, се наведува во публикацијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.