Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ги олесни мерките за Ковид-19, укинувајќи ја препораката за граѓаните на САД да се изолираат доколку дојдат во близок контакт со заразено лице.

Американската здравствена агенција објави и дека држењето растојание од најмалку два метри од другите повеќе не е задолжително.

ЦДЦ објасни дека промените се поради фактот што повеќе од две и пол години од почетокот на пандемијата, речиси целото американско население стекнало одредено ниво на имунитет. Одредени мерки се задржани, а исто така се поттикнува и тестирање на лица со симптоми и нивни блиски контакти.

Лицата кои ќе имаат позитивен тест треба да останат дома најмалку пет дена и да носат маска вкупно 10 дена кога ќе бидат во контакт со други луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.