Актерот Стивен Сегал, кој е и голем поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин, сугерираше дека украинските сили наводно нападнале затворски логор под руска контрола со цел да ги убијат сопствените воени заробеници.

Како што пренесува Индепендент, Сегал тврди дека тоа го направиле за да ги спречат „да зборуваат за злосторствата на Зеленски против човештвото“.

Поддржувачот на Владимир Путин зборуваше од местото на експлозијата на 29 јули, во која загинаа најмалку 50 луѓе.

– Еден од убиените е нацист кој штотуку почна многу да зборува за Зеленски, а Зеленски е одговорен за наредбата за тортура – тврди Сегал.

– Зеленски беше вмешан во злосторства против човештвото. Се прашувам дали затоа е убиен овој човек? – прашува познатиот актер.

Во вторникот Стивен Сигал го посети уништениот затвор во Украина под руска окупација, каде ги повтори зборовите на Кремљ во улога на официјален портпарол.

Снимката емитувана од руските државни медиуми го покажува актерот во урнатините на зградата идентификувана како затвор Оленивка во Доњецк, каде што на крајот на јули беа убиени повеќе од 50 украински воени заробеници во спорни околности.

Додека Русија ја обвинува Украина дека го погодила центарот со ракетниот систем ХИМАРС испорачана од САД, Украина за тоа го обвини руското гранатирање – и во двата случаи, ова е воено злосторство.

Сегал беше таму за да ја промовира руската страна, во својство на специјален претставник на руското Министерство за надворешни работи задолжен за американско-руските односи. Сигал, долгогодишен обожавател на Русија и на претседателот Владимир Путин, ја доби титулата во 2018 година, пишува Инсајдер.

И покрај тоа што Сигал доби пристап до локацијата, Меѓународниот комитет на Црвениот крст, кој сака да им помогне на жртвите од нападот, сè уште не добил дозвола да ја посети, пишува „Москва тајмс“.

Да потсетиме, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на 3 август најави дека ќе започне мисија за утврдување на фактите, на барање и на Русија и на Украина, со цел да се разбере што се случило таму, пишува Укринформ.

Иако снимката од Сигал не е целосно потврдена, сликата на страницата на Би-Би-Си објавена набргу откако беше погодена локацијата е блиска до визуелно совпаѓање со локацијата каде што е снимен Сигал.

Украинскиот весник „Одеса журнал“ исто така објави за посетата.

Сигал, кој со години е проруски настроен, снима документарен филм за војната во регионот, се вели во објавата на Денис Пушилин, водач во регионот Доњецк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.