Руската војска оформи единица составена од жени пилоти кои се обучени за управување со стратешко нуклеарно оружје.
Владимир Путин ги претстави таканаречените Ангели на смртта, штотуку дипломирани војни пилоти- жени кои сега се дел од руското воздухопловство. Пилотките се претставени за време на викендот, на војна парада во Краснодар, откако се квалификуваа за Вишата школа на војното воздухопловство Серов.
Според пишувањата на британските медиуми, кои тврдат дека имаат информации од Русија, новомобилизираните пилоти се обучуваат за користење на нуклеарните бомбардери и транспортни авиони.
Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, рекол дека жените пилоти ја продолжуваат традицијата, која некогаш жените пилоти ја имале во Советскиот сојуз. Имено, Сталин дозволувал жени да управуваат со авионите и да се борат во текот на Втората светска војна, а 23 од нив станаа херои на Советскиот сојуз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.