Во делови од Украина, почна „изборната“ кампања на врховниот командант на вооружените сили на земјата, Валериј Залужни, за да го замени претседателот Володимир Зеленски.

На социјалните мрежи се објавува дека неидентификувани лица во воени униформи пуштаат такви предизборни летоци во поштенските сандачиња и дворовите во областа Житомир.

На летоците се наоѓаат ликовите на Залужни и Зеленски (кој е прешкртан) и притоа се повикуваат граѓаните да го направат вистинскиот избор.

Ова доаѓа во моменти на висок степен на јавен конфликт што постои меѓу Зеленски и Залужни, за кого има шпекулации дека во скоро време ќе биде сменет од позицијата прв човек на украинската војска.

Според украинскиот Устав, следните претседателски избори во земјата треба да се одржат во март 2024 година, но Зеленски деновиве изјави дека планира да ги суспендира поради конфликтот со Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.