Изборите за Европскиот парламент за 2024 година треба да се одржат од 6 до 9 јуни, соопшти денеска шведското претседателство со ЕУ на Твитер.
ЕУ амбасадорите на состанокот на 27-те земји-членки на ЕУ во Брисел „штотуку ги одобрија“ датумите, објави актуелниот претседавач со ЕУ.
Изборите се одржуваат на секои пет години и се натпреваруваат национални политички партии. Меѓутоа, откако ќе бидат избрани, пратениците во ЕУ им се приклучуваат на транснационалните политички групи во Европскиот парламент.
Европскиот парламент, единствената директно избрана институција на ЕУ, гласа за избор на претседател на Европската комисија и го одобрува неговиот кабинет.
Актуелната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен сè уште не искажала намера дека ќе се бори за втор мандат како шеф на извршното тело на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.