Советот за безбедност на ОН денеска ќе одрржи итна средба за да ја разгледа ескалацијата на непријателствата на Блискиот Исток, соопшти ноќеска Швајцарија, која овој месец е претседавачот со Советот.

Закажавме состанок во 10 часот по њујоршко време (16:00 часот по средноевропско време), соопшти швајцарското претседателството.

Иран вчера истрела околу 200 балистички ракети кон Израел, што според соопштението на Револуционерната гарда е одмазда за убиствата на лидерите на Хезболах и Хамас.

Израел соопшти дека повеќето од ракетите биле пресретнати и најави дека ќе возврати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.