Куфер со радиоактивен материјал со „низок интензитет“ бил откриен во авион на „Свис Ер“ по слетувањето во Барселона, додека патниците биле во него.

Авионот што летал од Цирих за Барселона изутрината слетал на аеродромот „Ел Прат“, југозападно од главниот град, јавуваат британските медиуми.

Во соопштението на социјалните мрежи, силите за цивилна одбрана на областа соопштија дека активирале „планови за вонредни состојби како одговор на предупредување за инцидент со пакет радиоактивен материјал на ниско ниво, транспортиран во авион“.

Извори за барселонскиот весник „Национал“ изјавиле дека пет работници „превентивно“ биле префрлени во медицински центар, а изолирани се и неколку патници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.