Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, изјави дека се уште постои можност да се избегне војна која би го зафатила целиот Блиски Исток.

Создавањето на либанскиот фронт и директната интервенција на Иран го зголемија ризикот од регионален конфликт од големи размери, но ескалацијата уште повеќе не турка кон тоа да работиме на мирот и дијалогот. Апелираме на одговорност на сите регионални актери, изјави Тајани на состанокот на Комисијата за надворешни работи и одбрана, а пренесе италијанската новинска агенција АНСА.

Италијанскиот министер, исто така, ја истакна важноста од „одржување на дијалогот со Иран“, повикувајќи ги „сите, вклучително и Израел“ да работат на деескалација и да избегнат судир што може да предизвика нови жртви, особено меѓу цивилите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.