Италијанскиот новинар Џорџо Бјанки, кој го посетил Мариупол, каде што со свои очи го видел ужасот што се случува на улиците на градот зброува за состојбата во Украина и за тоа како неговата земја и Европа делуваат за смирување на кризата.
Бјанки ситуацијата во Италија ја нарече „гротеска“ затоа што земјата „се расправа за четвртата или петтата доза на вакцината во време кога светот е на работ на Трета светска војна.
Во своето обраќање, новинарот ги критикува одлуките на Западот за воведување санкции кон Русија поради воена операција во Украина и вели дека дел од нив се апсурдни.
Тоа е луд свет во кој сте изгубиле контакт со реалноста. Се борите со ср**а против тенкови и бомби. Русија нема да се повлече. Таа не губи, таа победува. Русија нема проблем, може да биде потребно време. Има жито, пченица, суровини, нафта, гас, бескрајна и ретко населена територија – нагласува новинарот.
Бјанки ги обвини и оние кои зборуваат за моралот на телевизија и кои кажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин е „криминалец“.
Деновиве беше годишнината од уништувањето на Белград од страна на вицепремиерот Матарела, лидерот на комунистичката Д’Алема. Ако Путин е криминалец, тогаш таткото и синот Буш, Обама, Блер, Клинтон и Матарела се криминалци – вели Бјанки.
За време на престојот во Мариупол, Бјанки успеал да разговара со локалните жители кои се жалеле дека мора да бидат во подрумот, под присила од неонацистичките баталјони.
Ги празнеа становите за останат во тие станови и да пукаат. Тоа се неонацистички баталјони. Отидов во нивните поранешни бази, каде видов кукасти крстови, книги за СС, книги за Мусолини – нагласува Бјанки.
Зборувајќи за Украина, Бјанки истакнува дека тоа е „држава која престанала да биде демократска во 2014 година како резултат на неонацистичкиот удар“. Новинарот за актуелниот претседател на државата, Володимир Зеленски, вели дека нема вистина во неговите зборови и ветувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.