Поранешен работник во фабрика (57), инаку лице со психички проблеми, ја задавил својата мајка откако таа се обидела да го спречи да се самоубие во градот Кунео, во северна Италија.

Габриеле Толосано, самиот се повредил со со нож, по што се фрлил од балконот, но не бил повреден бидејќи бил мала висината. Потоа, кога мајка му се обидела да го спречи да го изврши самоубиството, тој ја задавил.

Откако ја убил мајка си, Габриеле упатил низа збунувачки телефонски повици до роднини кои ги повикале карабинерите.

Телото на жената, која била долгогодишна вдовица, било пронајдено во пералната од куќата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.