Италијанската агенција за конкуренција објави дека покренала истрага за да утврди дали дигиталната платформа „Букинг.ком“ ја злоупотребува својата доминантна позиција на пазарот за хотелско сместување. Италијанскиот регулатор се сомнева дека веб-страницата, со „претпочитано партнерство“ со одредени хотели, „веројатно ја попречува ефективната конкуренција на пазарот на онлајн продажба на услуги за сместување и резервации на хотели, барем во Италија“.

Таквата стратегија „им штети на другите онлајн туристички агенти, со негативни ефекти врз капацитетите за сместување и, во крајна линија, врз потрошувачите, кои се рефлектираат со повисоки цени и ограничен избор“, се вели во соопштението на регулаторот.

Даночната полиција „Гардија ди финанца“ извршила претрес во италијанските канцеларии на „Букинг“.

Целосно соработуваме со „Гардија ди финанца“ и италијанскиот орган за конкуренција кои ги посетија нашите канцеларии во Италија. Додека соработуваме со италијанските власти, целосно веруваме дека проблемите со конкуренцијата треба да се решат директно со ЕУ, во согласност со нејзините сегашни регулаторни предлози, а не одделно, од земја до земја“, изјави портпаролоката на „Букинг“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.