Италијанската Влада на 31 март ќе ја укине вонредната состојба воведена поради коронавирусот.

Италијанскиот премиер Марио Драги вети постепено враќање на „нормалниот живот“ по повеќе од две години здравствена криза.

Ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата со пандемијата, подготвени сме да интервенираме во случај на скок на бројот на случаи. Но, нашата цел е целосно да се отвориме, што е можно поскоро – порача Драги во говор во Фиренца.

Вонредната состојба во Италија првпат беше воведена на 31 јануари 2020 година, а оттогаш е продолжувана неколку пати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.