Италија може да се соочи со уште една година на тешка суша по малите врнежи оваа зима, а големи површини долж реката По веќе се суви што предизвикува загриженост за земјоделството, хидроенергијата и водата за пиење, пишува „Гардијан“.
Весникот наведува дека огромни области околу реката По, најдолгата река во Италија која минува низ неколку северни и централни региони, веќе пресушиле, додека нивото на водата на езерото Гарда е на најниското зимско ниво во последните 35 години.
Невообичаено ниското ниво на вода во Венеција предизвика гондоли да се насукаат во каналите.
Италијанскиот национален истражувачки совет (CNR) соопшти дека врнежите на северот на земјата се намалени за 40 отсто во изминатата година, а од почетокот на оваа година има значително отсуство на врнежи.
Реката По ќе се соочи со голема суша оваа година, по минатогодишната најтешка суша во последните седум децении, освен ако не дојде дожд во пролет, сезона на најсилните врнежи во областа.
Најголемото италијанско здружение на фармери Колдирети соопшти дека сушата во 2022 година нанела штета на земјоделството во износ од шест милијарди евра и предупреди дека третина од производството е загрозена оваа година, доколку продолжи сушниот период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.