Италијанските лекари и медицинскиот персонал, кои беа суспендирани од работа бидејќи не биле вакцинирани против Ковид 19, наскоро ќе бидат вратени на работа, соопшти денеска новоименуваниот министер за здравство, Орацио Сцилачи.

Овој потег е мотивиран од загрижувачкиот недостиг од медицински персонал, како и од намалениот број на новозаразени со коронавирусот, пренесува Ројтерс.

Министерот Скилачи додаде дека новата влада ќе ги укине и казните изречени за сите лица над 50 години кои не се вакцинирани.

Италија е една од најпогодените земји од пандемијата на Ковид, со регистрирани дури 179.000 смртни случаи, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.

Владата на поранешниот премиер Марио Драги во 2021 година воведе задолжителна вакцинација за наставниот и медицинскиот персонал, а во јануари годинава оваа мерка беше проширена на сите лица над 50 години, потсетува Ројтерс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.