Првиот брод натоварен со жито го напушти пристаништето во Одеса денеска во 8:30 часот по локално време, јави турската приватна телевизија НТВ.

Турското Министерство за одбрана информира дека тоа било договорено по интензивната работа на Заедничкиот координативен центар во Истанбул и разговорите на турскиот министер за одбрана Хулуси Акар со министрите и релевантните земји.

Во соопштението се вели дека бродот „Разони“ под знамето на Сиера Леоне бил натоварен и плови за Либан според договорот потпишан во Истанбул на 22 јули меѓу Турција, Руската Федерација, Украина и Обединетите нации, со кој се обезбедува безбеден извоз на жито и прехранбени производи од украинските пристаништа.

Договорот предвидува отворање на три украински пристаништа – Одеса, Черноморск и Јужни – за житото, кое не може да се извезува поради тековната шестмесечна војна меѓу Русија и Украина. Одделно, во Истанбул е формиран Заеднички координативен центар, кој ќе го прегледа товарот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.