Американските спасувачки служби трагаат по исчезнат хеликоптер со петмина маринци, соопшти денеска американскиот марински корпус.

Хеликоптерот „CH-53E Super Stallion“ полетал од воздухопловна база во близина на Лас Вегас и требало да слета во Мирамар во близина на Сан Диего, но Канцеларијата на шерифот на Сан Диего и Цивилната воздушна гарда побарале помош од хеликоптерот, јавува CNN.

Канцеларијата на шерифот соопшти дека го испратиле својот хеликоптер во потрага, но поради невремето тој не можел да стигне до областа.

Противпожарните екипи излегле на местото каде последен пат бил виден хеликоптерот, но ништо не пронашле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.