На Иранките ќе им биде дозволено да присуствуваат на натпревари на машкото фудбалско првенство, изјави денеска претседателот на Иранската фудбалска федерација Махди Таџ.

Машкото првенство со 16 екипи треба да почне во август.

Во Иран повеќе од 40 години им е забрането на жените да присуствуваат на машките фудбалски натпревари, бидејќи не им е дозволено да бидат во машко друштво и да видат мажи во спортска облека.

Во исклучителни прилики, на жените им беше дозволено да присуствуваат на натпревар од фудбалското првенство. Околу 4.000 Иранки присуствуваа на квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2022 година против Камбоџа на стадионот Азади во Техеран во октомври 2019 година, првпат од револуцијата во 1979 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.