Портпаролот на Иранската Револуционерна гарда, Алмохамад Наини, изјави дека времето е на страната на Иран и дека чекањето на одговорот може да потрае, алудирајќи на одмаздата кон Израел за убиството на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, во Техеран.
Иранските лидери ги проверуваат сите околности и одговорот на Исламската Република Иран можеби нема да биде повторување на претходните операции, додаде портпаролот, пренесуваат иранските државни медиуми.
Иран и Хамас го обвинија Израел дека го извршил нападот во кој беше убиен Ханија на 31 јули, неколку часа откако присуствувал на инаугурацијата на новиот ирански претседател Масуд Пезешкиан.
Израел ниту ја негираше, ниту ја потврди вмешаноста во убиството на Ханија.
Еден ден порано, во израелски напад во Бејрут беше убиен командантот на либанскиот проирански Хезболах, Фуад Шукр. Таа организација исто така се закани со одмазда кон Израел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.