Иранската парламентарна комисија испрати предлог-закон за хиџабот до Советот на чувари, кој потоа проверува дали усвоената легислатива е во согласност со исламските норми, јави ДПА, повикувајќи се на информации на иранската новинска агенција.

Доколку нацрт-законот биде одобрен, тоа може да доведе до строги казни за оние кои ги прекршуваат исламските правила за облекување.

Во Иран од минатата година се води жестока дебата во врска со предметниот предлог-закон. За дел од конзервативците, кои се доминантна сила во Парламентот, пропишаните казни не се доволни. Умерените политичари и повеќето жени се против законската мерка.

Предлог-законот предвидува строги казни, вклучително и парични казни за повторени прекршувања. Во некои особено сериозни случаи на прекршување, предвидена е затворска казна до 15 години и парични казни од над 5.000 американски долари.

Се очекува странските жени да бидат протерани од Иран во случај на прекршување на исламските правила за облекување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.