Иран првпат во исто време лансираше три сателити со помош на ракетата-носач на сателити „Симорг“, развиена од Министерството за одбрана.

Еден сателит со тежина од 32 кг и два наносателити со тежина помала од 10 кг беа испратени во орбита од 450 километри со два помали уреди за тестирање на технологијата за теснопојасната комуникација и гео-позиционирање.

Поголемиот сателит наречен „Махда“, изграден од Иранската вселенска агенција, треба да ја тестира точноста на ракетата „Симорг“ при носењето товар во вселената.

Иран го лансираше сателитот „Сораја“ во орбитата овој месец со ракета изградена од воената елитна Револуционерна гарда, што ја зголеми загриженоста кај европските сили дека технологијата на вселенска ракета за лансирање може да се искористи за развој на балистички ракетен систем со долг дострел.

Иран ја отфрли осудата од европските земји поради неговото лансирање на сателитот „Сораја“, велејќи дека мирољубивиот технолошки напредок во авијацијата и вселенската техника е легитимно право на земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.