Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан го повика папата Франциск да го искористи своето влијание врз христијанските влади за запирање на војната на Блискиот Исток.
– Охрабрете ги светските лидери, особено христијанските влади, да го спречат продолжувањето на агресијата што ја спроведува криминалниот израелски режим, порача Пезешкијан во пораката пренесена од иранската агенција „Фарс њуз“.
Техеран и Ватикан имаат официјални дипломатски односи од 1954 година. Во 2022 година, иранскиот врховен лидер ајатолах Али Хаменеи му испрати порака на папата Франциск, во која ја поздрави неговата заложба за зајакнување на односите меѓу исламот и христијанството.
Минатата недела папата Франциско ја повика светската заедница да истражи дали израелската воена кампања во Газа претставува геноцид врз палестинскиот народ, што е една од најсилните критики за акциите на Израел во конфликтот кој трае веќе една година.
Израел ги отфрли обвинувањата за геноцид, наведувајќи дека цел на неговите операции се поддржаните од Иран групи „Хамас“ и други вооружени организации. Пезешкијан додаде дека Техеран е подготвен конструктивно да соработува со Ватикан за промовирање на мирот и правдата во светот.
Папата Франциск вообичаено се залага за деескалација на конфликтите, но неодамна ја зајакна критиката за однесувањето на Израел во војната со Хамас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.