Три маскирани и вооружени лица упаднале на свадба во францускиот град Тионвил, каде што пукале во присутните убивајќи едно лице и ранувајќи уште петмина.
На свадбата биле присутни околу 100 луѓе, каде што напаѓачите пукале во три лица пред објектот, и уште во две кои се наоѓале внатре околу полноќ, дознава Франсинфо, пренесува Танјуг. Извор за Франсинфо изјави дека трите лица се наоѓаат во животна опасност во болница.
Истрагата „продолжува под класификација убиство од страна на организирана банда и обид за убиство од страна на организирана банда“, наведе локалното обвинителство. Понатамошната истрага ја продолжува Управата за организиран и специјализран криминал на регионот Мозел, а мотиво за пукањето засега не е познат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.