Интерпол испрати свој тим во Молдавија поради загриженост од опасноста за трговија со луѓе, откако во земјата пристигнаа голем број бегалци од Украина. Инспекторите на Интерпол се испратени во главниот град Кишињев и во неколку бегалски кампови.
Интерпол добил неколку извештаи кои сугерираат дека во земјата се одвива трговија со украинските бегалци.
Од почетокот на руската воена акција во Украина, речиси 380.000 Украинци избегаа во соседна Молдавија, земја со 2,6 милиони жители, која е една од најсиромашните земји во Европа.
Меѓународната полициска агенција примила неколку пријави за трговци и за криумчари на луѓе кои ги следат ранливите Украинци. Децата и малолетниците без придружба се посебно ранливи групи, се наведува во соопштението на Интерпол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.