Шведска не успеа во интеграцијата на голем број имигранти што ги прими во последните две децении, што резултираше со создавање на паралелни општества и насилство од банди, рече во четвртокот премиерката Магдалена Андерсон, покренувајќи серија на иницијативи за борба против организираниот криминал.

Бројни Швеѓани беа изненадени и шокирани од немирите на почетокот на овој месец, во кои беа повредени повеќе од 100 полицајци.

 

Насилствата избувнаа по палењето на Куранот на митинг организиран од шведско-дански политичар, кој најави дека ќе одржува митинзи во имигрантските населби.

Во Малме насилството ескалираше во средината на април во протестите против екстремно десничарското движење предводено од Расмус Палудан, кога беа запалени канти за ѓубре, автомобили и продавници, а полицијата беше гаѓана со камења и пиротехнички средства.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.