Институтот за проучување на војната објави нова анализа и мапа на конфликтот во Украина, во која ги споделува информациите од терен за борбите во регионот на Донбас.

Според овој извештај, руските сили се обидуваат да напредуваат кон Лисичанск од југ и запад, со цел да избегнат борби преку реката Северски Донецк кај Северодонецк.

Институтот додава дека руските сили досега имале „ограничен успех“.

Од Институтот додаваат дека од 20 мај, руските сили напредуваат северно и западно од Попасна, иако не се наведува динамиката на руското напредување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.