Инстаграм му го избришал и забранил профилот на Претседателот на руската провинција Чеченија и лојален сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, Рамзан Кадиров.

Причина за бришењето на профилот е објава на Кадиров во која прикажува запленета воена опрема на украинската војска.

Погледнете ја заробената опрема што ја освоија нашите борци. Погодете кој ја произведува. Ова се специјални возила коишто нацистите и наркоманите ги добиваат, а ние ги земаме од нив – напиша Кадиров.

Претходно, Кадиров соопшти дека чеченските борци се распоредени во Украина и побара од Украинците да ја соборат нивната влада.

Во видеото објавено на Интернет, Кадиров истакна дека чеченските војници досега немаат претрпено никакви загуби, додавајќи дека руските сили лесно можат да ги окупираат големите украински градови, но дека нивната задача е да избегнат голем број жртви, особено меѓу цивилите.

На социјалните мрежи деновиве се појавија неколку видеа на кои се гледа како чеченските борци во Грозни се подготвуваат да заминат за Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.