Аргентина се соочува со екстремно висока инфлација. Годишната инфлација во државата изнесува 211,4 отсто, што е максимум во последните 32 години.

Податоците го одразуваат силното влијание на низата шок-мерки, вклучително и девалвација од 50 отсто на националната валута – аргентинскиот пезос.

Месечната инфлација во земјата беше 25,5 отсто во декември лани, повеќе од двојно во споредба со 12,8 отсто во ноември, но малку под 30 отсто што владата предвиде дека ќе биде.

Власта најави болни мерки насочени кон спречување на хиперинфлацијата и предупреди дека тие првично ќе имаат „негативно влијание врз нивото на активност, вработеноста, реалните плати и бројот на сиромашни луѓе во земјата“. Се смета дека денес околу 40 отсто од населението на Аргентина живее во сиромаштија.

Државата претходно се соочувала со банкроти.

По доаѓањето на власт на новиот претседател, Хавиер Милеи, Аргентина го откажа договорот да се приклучи на БРИКС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.