Индискиот премиер, Нарендра Моди, и посака просперитет и мир на Украина при посетата на Киев.
Во име на 1,4 милијарди луѓе во Индија, се молам за мир, напредок и просперитет на пријателскиот народ на Украина“, напиша Моди во книгата за почесни гости во Маринскиот двор, пренесоа украинските медиуми.
Моди изјави дека Индија е цврсто посветена на зајакнување на врските со Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и индискиот премиер Нарендра Моди во Киев одржаа билатерални разговори зад затворени врати, што траеја два часа.
Ова е прва посета на индиски лидер по прогласувањето украинската независност.
Зеленски истакна дека посетата на индискиот премиер Нарендра Моди е „многу пријателска“ и „историска“. Украинскиот претседател претходно им изјави на новинарите дека ќе разговара со индискиот премиер за мировниот самит за Украина и додаде дека двете земји треба да ја зајакнат трговската и воената соработка.
За време на оваа посета беа потпишани четири документи за заедничка соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.