Индија соопшти дека „недвосмислено ги осудува“ убиствата на цивили во Буча и ја поддржува иницијативата за покренување независна истрага за „длабоко вознемирувачките извештаи“.
Индиската осуда дадена за време на вчерашната седница на Советот за безбедност на ОН е најострата изјава на земјата за Украина и Русија од почетокот на војната, иако Индија досега се воздржуваше од гласање за резолуции во Советот за безбедност на ОН, Генералното собрание на ОН и Советот за човекови права на ОН.
Индија е земја со долга историја на неврзаност на меѓународната политичка сцена, но нејзините избалансирани дипломатски позиции се под притисок на западните земји кои сакаат државата да ја осуди Русија.
Индија, кминатата недела беше критикувана од САД и Австралија за разгледување на рускиот предлог што тие сметаат дека е во спротивност со западните санкции против Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.