Индиските власти соопштија дека ќе инвестираат 1,2 милијарди долари во проекти за вештачка интелигенција.
Средствата ќе бидат искористени за поставување на ИТ инфраструктура и помош за финансирање на почетници во областа на вештачката интелигенција, се вели во соопштението на индиското Министерство за информатички технологии.
Пакетот ќе го зајакне индискиот екосистем за вештачка интелигенција и ќе му овозможи да ја обликува иднината на вештачката интелигенција“, изјави индискиот министер за информатички технологии Раџив Чандрасехар.
Според прогнозите на индиската невладина трговска асоцијација Наском, индискиот пазар за вештачка интелигенција ќе вреди 17 милијарди долари до 2027 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.