На северот на Индија, во државата Утар Прадеш, од удар на гром загинаа 38 луѓе. Најголем број жртви е забележан во северозападниот дел на земјата, во Пратапгарх, каде загинаа 11 лица, а нивните тела се испратени на обдукција, пренесува Индија Тудеј.

Повеќето од жртвите биле погодени од гром додека работеле на фарма или ловеле риба.

Покрај тоа, десетици жители на Пратапгарх се здобиле со изгореници.

Гром уби и седум лица во Султанпур, меѓу кои и три деца.

Обилните врнежи ќе продолжат во северна Индија во следните пет дена, а поплавите го нарушија нормалниот живот во Утар Прадеш, соопшти Индискиот метеоролошки оддел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.