Амбасадата на САД во Белград има сознанија дека Србија не и продава оружје на Украина, соопшти денеска Радио Слободна Европа (РСЕ) во врска со наводите во тајните документи на Пентагон.
Не можеме да коментираме за наводни доверливи информации, но според нашите сознанија Србија не и продава оружје на Украина, изјавија за РСЕ од американската амбасада во Белград.
Пренесувајќи податоци од обелоденети тајни документи на Пентагон, агенцијата Ројтерс претходно објави дека Србија се согласила да испрати оружје во Киев или веќе го испратила. Ова веднаш го демантираа српските министри за одбрана и надворешни работи Милош Вучевиќ и Ивица Дачиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.