Заменик градоначалникот на Мариупол, Серхи Орлов, за Би-Би-Си денеска изјави дека преговорите за привремен прекин на огнот со цел да се евакуираат цивилите од Мариупол траеле цела ноќ, а дека од утринава почнале да се спроведуваат.

Организиравме 50 автобуси, со кои мислиме дека може да се превезат до шест илјади лица до Запорожје. Луѓето можат да одат и со лични автомобили. Сметаме дека ако се почитува примирјето, до девет илјади луѓе можат да излезат од градот, рече Орлов.

Цивилите ќе имаат можност да го напуштат Мариупол од десет до 15 часот по средноевропско време, а Црвен крст ќе го надгледува примирјето за тоа време. Тие ќе се движат по точно одредена маршрута кон северозападниот град Запорожје.

Maриупол е град во југоисточниот дел на Украина, во областа Донецк, со население од 430 илјади.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.