Извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс Икс“ и сопственик на „Твитер“, бизнисменот Илон Маск, ја критикуваше одлуката на САД да ја снабдува Украина со касетна муниција.
Маск ја нарече таквата одлука – лицемерна.
Америка отсекогаш ги жигосувала како злобни оние кои користат касетни бомби, а сега ги испраќаме да се користат? Ништо добро нема да излезе од тоа. Судбината сака иронија, но мрази лицемерие – напиша Маск на Твитер.
Белата куќа го нарече купувањето касетна муниција од Украина „привремена опција додека не се зголеми производството на артилериски гранати во САД“, нагласувајќи дека овој потег е воено неопходен за да се спречи Украина да остане без муниција во критична фаза од конфликтот.
ОН ги повика завојуваните страни да не ја користат контроверзната муниција, која е забранета во повеќе од 120 земји. Одлуката беше објавена на 7 јули, во пресрет на самитот на НАТО во Литванија.
Конвенцијата со која се забранува употреба на касетни бомби, кои се отвораат во воздухот и испуштаат многу помали проектили при истрелување, ја потпишаа повеќе од 120 земји, но не и САД, Русија и Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.