Во Киев се одржа погреб на Дмитро Коцјубаило, познат и како Да Винчи, еден од лидерите на ултранационалистичката и пронацистичка организација „Десен сектор“, кој загина во близина на Бахмут. Веста за смртта на Коцјубаило беше објавена пред три дена

Да Винчи, херој на Украина, борец доброволец, икона и храбра личност – Дмитро Коцјубаило – загина во битка. Борец на 67-та посебна механизирана бригада, командант на баталјон. Загина во битката кај Бахмут, во битката за Украина“, изјави Зеленски за неговата смрт.

Зеленски додаде дека од 2014 година, Коцјубаило „ја бранел украинската независност, достоинството на украинскиот народ, како еден од најмладите херои на Украина“.

Тој е еден од оние чија лична историја, карактер и храброст засекогаш станаа историја, карактер и храброст на Украина“, изјави Зеленски.

На организираниот погреб во Киев, на кој присуствуваше Зеленски, се собраа илјадници луѓе.

Меѓу присутните беше и финската премиерка Сана Марин.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.