Илјадници активисти се собраа во центарот на Тел Авив барајќи предвремени избори и итен договор за ослободување на израелските заложници во Појасот Газа, а поранешната американска секретарка Хилари Клинтон им се обрати на демонстрантите преку видео врска.
Тие се наши сонародници, жени и деца и треба веднаш да бидат ослободени. Треба итно да се преземат активности за да се вратат дома“, рече Клинтон.
Американскиот амбасадор во Израел, Џек Лу, на собраните луѓе им порача дека САД ги продолжуваат преговорите за враќање на заложниците, пишува „Тајмс оф Израел.
Демонстрантите го блокираа автопатот Ајалон и запалија оган, барајќи итен договор за враќање на заложниците од Газа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.