Илјадници луѓе се собраа синоќа во израелскиот град Тел Авив за да побараат заминување на „корумпираната влада“ на премиерот Бенјамин Нетанјаху и ослободување на заложниците кои се држат во Газа.

Собир на демонстранти, кои на маици и транспаренти носеа пароли против израелскиот премиер и молбата „Вратете ги заложниците дома!“ беа одбележани и со судири со полицијата, која употреби водени топови.

Илјадници жени формираа човечки синџир на собирот за да испратат порака за поддршка за ослободување на заложниците во Газа, особено за 19-те преостанати затворенички за кои се верува дека ги држи Хамас во палестинската енклава, објави Би-Би-Си.

Главно повозрасните граѓани излегоа на улиците и неуморно скандираа „Избори! Сега!“, „Врати ги заложниците! Сега!“.

Демонстрантите кои се собраа потсетија дека „Бенјамин Нетанјаху, обвинет за измама и корупција, ќе мора да се соочи со правдата кога ќе ја напушти власта“.

Тие потсетија и на извештајот на истражната комисија, која оваа недела утврди „лична одговорност“ на израелскиот премиер за трагедијата на планината Мерон во април 2021 година, кога во стампедо загинаа 45 аџии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.