Десетици илјади луѓе во неколку германски градови протестираа против руската воена акција во Украина, соопштија полицијата и организаторите.

Во Берлин демонстрантите во близина на Бранденбуршката порта истакнаа транспаренти во боите на украинското знаме и натписи: „Стоп Путин“ и „Стоп за војната“.

Според полицијата, во Франкфурт околу 11.000 луѓе изразиле солидарност со Украинците. Протестите поминале мирно и без инциденти. Демонстрантите вееле украински и европски знамиња и пееле „Стоп за војната“.

Протести се одржаа и во Штутгарт, во Лајпциг и во Хамбург. Протестите беа организирани од сојуз на повеќе од 40 организации за човекови права, синдикати и христијански здруженија.

Според организаторите, околу 125.000 луѓе се мобилизирани низ целата земја, но денеска во Берлин имаше помалку луѓе отколку пред две недели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.