Неколку илјади германски граѓани синоќа повторно протестираа во неколку источногермански провинции против енергетската политика на владата, инфлацијата и последиците од војната во Украина, пренесе Хина.
Според првите полициски проценки, објавени синоќа, на улиците на повеќе од 15 градови во покраината Мекленбург-Западна Померанија излегле околу 7.000 демонстранти.
Во градовите Шверин и Нојбранденбург, демонстрантите бараа енергетска политика која е прифатлива за граѓаните, како и прифатливи трошоци за живот.
На неколку протести граѓаните бараа мировни преговори, запирање на испораката на оружје за Украина и повлекување на санкциите воведени кон Русија поради нејзината воена инвазија на Украина.
Полицијата процени дека во Шверин, главниот град на покраината Мекленбург-Западна Померанија, излегле 2.400 демонстранти.
Во Магдебург и Хале, во покраината Саксонија-Анхалт, на улиците излегле повеќе од илјада демонстранти. Во Магдебург демонстрантите носеле плакати со пораките „Стоп за лагите за снабдувањето со гас“, „Нема да го спасиме целиот свет“ или „Стоп за ценовните експлозии за мир, слобода и просперитет“.
И неодамна во источна Германија се одржаа протести, а според проценките на полицијата, на 3 октомври, Денот на германското единство, во провинциите Тирингија, Саксонија, Саксонија-Анхалт, Бранденбург и Саксонија и Мекленбург-Западна Померанија протестираа повеќе од 100.000 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.