Велика Британија се придружи на САД во воведувањето санкции за ќерките на рускиот претседател Владимир Путин.

Ќерките на Путин – Катарина Владимировна Тихонова и Марија Владимировна Воронцова се додадени на британската листа на санкционирани, објави „Би-Би-Си“.

Нашиот невиден пакет санкции ја погодува елитата и членовите на нивните семејства бидејќи ја нарушува руската економија во размери што Русија не ги видела од падот на Советскиот Сојуз – порaчa британска министерка за надворешни работи, Лиз Трас.

Британската влада воведе санкции и за ќерката на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров – Екатерина Сергеевна Винокурова.

Коментирајќи ја одлуката на САД да воведат санкции за ќерките на Путин, Кремљ во четвртокот соопшти дека е збунет од таа одлука, опишувајќи ја како дел од „поширокото лудило“ на Западот против Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.