Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека рускиот претседател Владимир Путин се капел во ледена вода за да го прослави православниот празник Богојавление Водици во утринските часови на 19 јануари, пренесува Тасс.
„Тој го направи тоа за да го одбележи Богојавление според традицијата“, рече Песков на прашањето дали Путин се капе традиционално.
Православните верници ширум светот го слават празникот Рождество Христово, еден од најголемите православни празници. Водициското капење обично се одржува во раните утрински часови на 19 јануари. Тоа е празник за време на кој православните христијани се потопуваат во студена вода, во која претходно се става замрзнат крст.
Кремљ првпат ги објави подвизите на Путин во 2018 година, а Песков вели дека рускиот лидер ја следел традицијата и претходно, но не ја споделил со јавноста. Минатата година Путин се избања во предградијата на Москва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.