Девизните резерви на Русија се зголемени за 0,35 отсто во периодот од 25 март до 1 април и изнесуваат 606,5 милијарди долари, се наведува во документите на Централната банка.

Меѓународните резерви на 1 април изнесуваат 606,5 милијарди американски долари, што е зголемено за 2,1 милијарди американски долари за една недела – се вели во соопштението на регулаторот.

Меѓународните (девизни) резерви на Руската Федерација се високоликвидни девизни средства кои ги поседуваат Банката на Русија и владата. Резервите се состојат од монетарно злато, специјални права на влечење (СДР), резервни позиции во Меѓународниот монетарен фонд и девизни средства (останати резервни средства).

Во 2021 година, девизните резерви на Руската Федерација се зголемија за 5,9 отсто и на 1 јануари тековната година изнесуваа 630,6 милијарди долари. Историскиот максимум од 643,2 милијарди долари беше постигнат на 18 февруари 2022 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.